Saturday, September 25, 2021

Во скопски Бутел другаруваа учениците од „Лиман Каба“ и „Панајот Гиновски“

Цртање на ликови од анимирани филмови, анализа на текст и спортски натпревари, за време на заедничките активности на учениците од партнерските училишта „Лиман Каба“ од Љуботен и „Панајот Гиновски“ од Бутел.

Под водство на наставници-ментори, дваесеттина учениците од двете училишта реализираа бројни активности за време на заедничката дружба во скопски Бутел. Најпрвин, учениците во неколку мешани групи цртаа ликови од омилените детски анимирани филмови, а потоа секоја група го презентираше сработеното.

0

Креативната програма продолжи со анализа на еко-текст, преку користење на техниката – пајакова мрежа и ѕвезда. Учениците добија задача до го прочитаат текстот „Кравата без убава ливада“, на македонски и албански јазик, а откако добро ја разбраа содржината на текстот, поделени во 2 групи ги пополнуваа хамерите, според наставната техника за разбирање  и доживување на литературен текст.

0000

Задоволни и среќни од сработените задачи, учениците ги облекоа спортските маици  и одиграа неколку натпревари и забавни игри. За крај, пред да се разделат, се договорија за нова дружба на падините на Скопска Црна Гора, во село Љуботен.

1 3 2 4