Saturday, October 16, 2021

Во Куманово и Гази Баба со потпишана соработка за реновирање на училишта со општините и ПМИО

DSC00212На 1ви Јуни, 2015 година, се потпиша меморандум за соработка за реновирање на О.У „Браќа Миладиновци“ и О.У „Бајрам Шабани“ од Куманово.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, директорите на партнерските училишта „Браќа Миладиновци“ Марина Манојловска и „Бајрам Шабани“ Гзим Рушити, и раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Небојша Мојсоски.

Во „Браќа Миладиновци“ ќе се постават нови прозори и влезни врати во подрачното училиште, а во „Бајрам Шабани“ ќе се реновира предната фасада на училишната зграда.

Истиот ден се потпиша и меморандум за соработка во општина Гази Баба, за реконструкција на кровот на подрачното училиште на О.У „Наум Охридски“ во село Црешево.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, директорот на подрачното училиште Елизабета Андова, и раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Небојша Мојсоски.