Tuesday, September 28, 2021

Богатството е во различностите

11254053_10153274312376139_3671991727875824533_nУбавината на славењето на културните традиции во средини каде се испреплетуваат повеќе култури е во тоа што на тој начин различните култури се збогатуваат, пренесувајќи искуства едни на други. Но, кога културните традиции стануваат и училишни традиции тоа е веќе двојна придобивка.

Од една страна се зближуваат припадниците на различните култури, а од друга страна позитивните искуства се пренесуваат на самите ученици. Токму таков случај е основното училиштето „Братство Единство“ од Охрид. Веќе втора година по ред, под мотото “Богатството е во различностите“, во ова училиште се прослави месецот Ашуре (муслиманска традиција).

12043134_10153274313171139_4558072228315757405_nКако дел од прославата, што се организира по иницијатива на советот на родители, беше приготвен традиционалниот десерт „Ашуре“, кој потоа се делеше на родителите, учениците и наставниците. Вкусниот десерт, составен од повеќе состојки упатува токму на тоа – колку повеќе различности толку повкусно и побогато, а таква е и сликата за односите меѓу заедниците и учениците во училиштето.

“Ашурето ја има симболиката на солидарност, споделување и заедништво – вредности кои треба да ги поседува секој човек”- истакна Фахрие Реџеп, одделенски наставник и член на училишниот тим за меѓуетничка интеграција.