Saturday, October 16, 2021

Баклавата – симбол на нашите празници

Десеттина ученици, наставници и родители од основите училишта „Лирија“ од Горно Јаболчиште, општина Чашка и „Блаже Конески“ од Велес, на почетокот на март, подготвуваа заедничка трпеза посветена на вкусовите кои ги обединуваат различните културни обележја во велешкиот регион.

Додека, родителите подготвуваа традиционални банички и баклава, учениците изработуваат цртежи  на тема „Семеен ручек“, играа асоцијации и пееја празнични песни карактеристични за етничките заедници во велешко.

Погледнете како изгледаше атмосферата на заедничката средба низ објективот на наставниците-ментори:

12833318_464029503791801_201710030_n 12476524_464029737125111_1999359679_n 12834466_464029677125117_525641220_n 12226407_464029763791775_168460538_n