Thursday, August 5, 2021

Обезбедување стимул за училиштата

Со цел да се остварат целите на другите компоненти и да се постигне успешна меѓуетничка интеграција во образованието, подобрувањето на средината за учење како стимул за училиштата претставува клуч до успехот. Поради тоа, Компонентата 4 ќе врши реновирања на училиштата, во кои ќе се вклучи и заедницата и со тоа ќе се подобри соработката меѓу училишниот персонал, училишниот одбор, советот на родители и општините.   Главните учесници активно ќе донесуваат одлуки, ќе обезбедуваат потребни документи и дизајни и заедно со тимот на Проектот ќе учествуваат во имплементирањето на голем број од активностите. Нашите цели ќе ги оствариме преку:

  • Формирање на тим за реновирање на училиштето (ТРУ) составен од  претставници од училишниот персонал, училишниот одбор, родители, општина и локална заедница, и тие ќе работат заедно на пронаоѓање решенија за надминување на проблемите и остварување на потребите во училиштето;
  • Зајакнување на капацитетите на училишниот персонал, училишните одбори, родители, претставници од општината и заедницата да ги почитуваат принципите на преговарање и да поставуваат приоритети за реновирање во училиштето;
  • Реновирање на десет училишни објекти во текот на една година, односно вкупно 40 училишни објекти во текот на Проектот, со постојано учество и меѓусебна соработка со членовите на ТРУ;
  • Зајакнување на капацитетите на училишниот персонал, училишните одбори, родители, претставници од општината и заедницата да креираат и усвојуваат планови и буџети за одржување на училишните објекти;