Friday, July 30, 2021

Модел училишта

Проектот ќе примени холистички приод – ќе воведува промени во сите подрачја на животот на училиштето и ќе ги вклучува сите главни учесници во процесот на трансформирањето на избраните основни и средни училишта (5-7) од етнички мешаните региони во модел училишта за интегрирано образование, преку подлабоки интервенции. Ова ќе го постигнеме преку:

  • Создавање модели кои докажуваат дека интегрирано образование во систем поделен според различни јазици може да постои;
  • Обезбедување примери од добри практики и поуки од модел училиштата со цел да се допринесе за подлабоко разбирање на различни пристапи во етничката интеграција;
  • Развивање на модел на интегрирани училишта кои можат да се користат во образовниот систем за поефикасно надградување на останатите основни и средни училишта во мешани етнички средини;
  • Зголемување на интеграцијата на учениците од селектираните училишта преку воннаставни, па евентуално и преку наставни активности;
  • Подобрување на соработката меѓу наставниците и родителите од различна етничка припадност;
  • Зголемување на бројот на училишта/општини со интегрирани ученици од различни мешани етнички заедници.

Компонентата 3 ќе биде имплементирана од страна на партнерската организација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието – Центар за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР).