Saturday, June 12, 2021

Фестивал на изведувачки уметности и добри практики

ФЕСТИВАЛОТ ВО ФОКУСОТ

Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики „ BE CREATIVEBE INTERACTIVE BE INTERETHNIC“ резултира од креативните работилници во рамки на Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието. Низ уметноста и со користење на социјалните медиуми и новите технологии, младите на креативни начини работеа на зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и почитувањето на човековите права меѓу младите луѓе.

На Фестивалот, кој се одржува во Младински културен центар (МКЦ), на 19 септември (сабота), низ забава и уметничка работа ќе бидат презентирани примери и добри практики на неформално образование, директна работа со младите, примери на практични работилници и слично.

Да ги поддржиме добрите примери на креативна работа со младата генерација за богат меѓуетнички дијалог! BE CREATIVEBE INTERACTIVE BE INTERETHNIC“

[showhide type=”type1mk” more_text=”Програма: (Show more)” less_text=”Програма: (Show less)” hidden=”yes”]

10.30 Музички бенд од Богданци (во живо) – од СУ „Богданци“

11.00 Официјален почеток на настанот

11.15 Претстава „Сите сме едно“ – ученици од СУ „Орде Чопела“ од Прилеп

12.00 Претстава „Шекспир пред врата“ – ученици од СУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци

12.30 Концерт на Natty Fiyah SS (Rootsman I / Conq. Lion & Spincore) (прв дел)

13.30 Претстава „Нашето маало“ – ученици од АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје

14.15 Претстава „Разгледница од Охрид“ – ученици од СУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид

14.45 Концерт на Natty Fiyah SS (Rootsman I / Conq. Lion & Spincore) (втор дел)

Дополнителни активности:

– Изложба на фотографии – ОСУ „Дрита“, ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево и СУГС „Цветан Димов“ од Скопје;
– жонглери, пишување графити;
– кратки филмови изработени од ученици од средните училишта од Р. Македонија.
[/showhide]

[showhide type=”type2mk” more_text=”Факти околу фестивалот (Show more)” less_text=”Факти околу фестивалот (Show less)” hidden=”yes”]

**** Што го прави поразличен од другите, слични, иницијативи?

Овој Фестивал е дел од Проект во кој се користеа креативни или уметнички процеси низ кои младите луѓе самите се стекнаа со потребните алатки за да се интегрираат во едно граѓанско и демократско општество.
Методологијата што се користеше во Проектот потекнува од програмата „Уметност за социјални промени“ што ЦИУ Мултимедиа (партнер организација во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието) ја има имплементирано во изминатите години, а е заснована на “Театар во образованието“, на Аугусто Боал.

**** Каква методологија се применуваше во подготовката на работилниците?

Методологијата нуди конструктивни начини младите луѓе да почнат да ги надминуваат своите проблеми и да се справуваат со конфликти од различни типови. Таа е приспособена за работа во мултиетнички и мултикултурни средини кои претставуваат слика на македонската реалност.

**** Дали може да се повтори овој пример и во иднина?

Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина. Целта на овој Фестивал е да биде од корист и на оние медијатори и лидери кои не беа дел од креативните работилници, а работат со младите низ Република Македонија.
Фестивалот ќе послужи и како добра практика за партнерите, општините, училиштата, донаторите, спонзорите и другите заинтересирани за концептот на креативни работилници и користењето на уметностите и социјалните медиуми како алатки во процесот.
[/showhide]