Monday, December 6, 2021

Од 16 до 24.03 – Гази Баба, Липково, Прилеп, Долнени, Кавадарци, Скопје, Куманово, Кратово, Јегуновце и Студеничани – Формирање на тимови за реновирање на училиште…

Од 16 до 24.03 – Гази Баба, Липково, Прилеп, Долнени, Кавадарци, Скопје, Куманово, Кратово, Јегуновце и Студеничани – Формирање на тимови за реновирање на училиште

На 16.03 – Од 10:00 во ОУ „Наум Охридски“ од Булачани, Гази Баба; и од 12:00 во ОУ „Култура“ од Матејче, Липково, ќе се одржат состаноци со цел формирање на Тимови за реновирање на училишта во овие новоизбрани училишта за реновирање во рамките на Фаза 4 на ПМИО. Исто така, ќе се одржи и презентација на следните активности која ќе им даде насоки на тимовите за одредување на потребите и приоритетите за реновирање во нивното училиште, подготовка на апликацијата за реновирањем, и др. Подолу, можете да ги најдете датумите и времето на одржување на состаноци во други училишта низ Македонија.

На 18.03 – Од 10:30 во ОУ „Кирил и Методиј“ од Канатларци, Прилеп; од 12:30 во ОУ „Пере Тошев“ од Дупјачани, Долнени; и од 14:30 во ОУ „Тодор Хаџи Тефов“ од Кавадарци.

На 19.03 – Од 10:00 во СУ „Здравко Цветковски“ од Скопје.

На 23.03 – Од 11:00 во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово; и од 13:00 во СУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово.

На 24.03 – Од 10:00 во ОУ „Симче Настовски“ од с. Вратница, Јегуновце; и од 13:00 во ОУ „Наим Фрашери“ од Студеничани.