Friday, July 30, 2021

Три Меморандуми за соработка за реновирање во три училишта од три општини

На 24-ти јуни 2014 година, се потпишаа три меморандуми за соработка со што се започна со процесот на реновирање во три основни училишта од три општини во Република Македонија.

DSCN3976Меморандумот за соработка за преземање на обврски при изведба на проектот „Санација на трпезаријата и кујната“ во основното училиште „Ѓорче Петров“ беше потпишан од раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција (ПМИО), Небојша Мојсоски, директорот на основното училиште „Ѓорче Петров“, Зоран Бошковски, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

DSCN3996Меморандумот за соработка за преземање на обврски при изведба на проектот „Целосна реконструкција“ на подрачното училиште „Круме Волнароски“ во село Беровци беше потпишан од раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција (ПМИО), Небојша Мојсоски, директорот на основното училиште „Круме Волнароски“, Гордица Димитриевска-Груеска, и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

DSCN4020Меморандумот за соработка за преземање на обврски при изведба на проектот „Поставување на хидраулична платформа на влезните скали за пристап на лица со хендикеп и поставување на ограда во училишниот двор“ во основното училиште „Јонче Смугрески“ беше потпишан од раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција (ПМИО), Небојша Мојсоски, директорот на основното училиште „Јонче Смугрески“, Благица Везенкоска, и градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски.

До сега, како дел од активностите на ПМИО беа реновирани 22 училишта во 2012 и 2013 година. Во 2014 година во тек е реновирањето на нови  13 училишта.