Sunday, October 17, 2021

Реновирањето во ОУ „Ѓорче Петров“ прославено во духот на меѓуетничката интеграција

DSC06573На 12 ноември, 2014, основното училиште „Ѓорче Петров“ од општина Ѓорче Петров организираше свечен настан, со кој се одбележа завршувањето на целосното реновирање на кујната и трпезаријата во училиштето. Овој зафат беше финансиски поддржан од ЕУКОМ преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Кујната и трпезаријата беа отворени на јавноста преку дегустирање на вкусната храна која ја подготвија родителите од   ОУ „Ѓорче Петров“ и нивните нови пријатели од партнерското ОУ „Дитуриа“ од Сарај.

Вашето училиште има тим од наставници обучени за концептите на меѓуетничка интеграција и тие неуморно го споделуваат тоа знаење со сите вработени“ рече мајорот Дон Николс, заменик на Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД во Скопје. Наставниците, го споделија нивното знаење и вештини и со сите присутни на самиот настан. Тие заедно со учениците, во соработка со партнерското ОУ „Дитуриа“ успешно организираа „Експо на меѓуетничка интеграција“.

DSC06575Богатата програма на заеднички ученички активности беше презентирана на три штанда на овој мини-саем. На првиот штанд учениците ги презентираа наодите од истражувањето за стопанските карактеристики и бизнис секторот на општините Сарај и Ѓорче Петров. На вториот штанд, ученици презентираа постери од познати поети и рецитираа нивни песни на албански, македонски и бошњачки јазик. На третиот штанд, пак, учениците имаа подготвено постер и брошура за здрава храна и на лице место изработуваа фигури од овошје и зеленчук.

На крај, мајорот Дон Николс заедно со градоначалникот на општината Сокол Митровски и директорот на училиштето Зоран Бошковски ја пресекоа црвената лента, а потоа сите заедно се упатија кон трпезаријата, каде што ги чекаше уште едно вкусно експо – на различни специјалитети на од различните етнички заедници кои живеат во Македонија.