Thursday, October 28, 2021

ПОКАНА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ГРАДЕЖНИ ФИРМИ И ФИРМИ КОИ ИЗВЕДУВААТ ЗАВРШНИ РАБОТИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО – Затворен

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието има потреба од лиценцирани и легално регистрирани правни лица за изведба на градежни работи и завршни работи во градежништвото, високоградба, нискоградба, електрика и машинство.

За таа цел ги повикуваме сите лиценцирани градежни фирми и фирми кои се специјализирани за завршни работи во градeжништвото, а што пројавуваат интерес за работа со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието да се пријават и да ја поднесат следната документација:

  1. Oбразец 1 – Писмо за изразување интерес за соработка и
  2. Образец 2 –  Регистар на изведувачи со следниве информации:
  • Релевантни податоци за фирмата;
  • Информации за квалификуваност на вработените;
  • Број на вработени овластени инженери (архитекти, градежни, електро и машински инженери) од доменот на надзор при изведба и нивни CV-а и
  • Референтна листа на правниот субјект за претходно работно искуство во градежништвото (особено за објекти од образованието).

Образците 1 и 2 можете да ги превземете подолу.

Сите документи да се поднесат до Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Компонента 4 – Обезбедување стимул за училиштата и локалната задница (Реновирање на училишта) до среда 30 мај, 2012 г. на следнава адреса: улица “Козле” 1 б, 1000 Скопје, со назнака “за изведувач“.

Дополнителни информации можете да добиете на следниот телефонски број +389 (0) 2 306 7981 локал 116.

Obrazec 1-pismo za izveduvaci

Obrazec 2-Registriranje na izveduvaci