Monday, December 6, 2021

Подобро одржување на училиштата за подобрени услови за учење

На 20 ноември 2013 година, по втор пат беше одржана обуката за зајакнување на капацитетите на секретарите и техничкиот персонал за одржување на училиштата кои беа реновирани од ПМИО во фаза 2. Ова беше исклучителна можност за 45-те претставници од 11-те училишта да ги споделат нивните знаења и проблеми во однос на одржувањето на училиштата. Експерти инженери и тимот за реновирање на ПМИО ги презентираа вообичаените проблеми при одржувањето на училиштата и можните решенија за истите.

Активностите за подобрување на одржувањето на училиштата се имплементираат во соработка со Министерството за образование и наука/Одделението за капитални инвестиции (МОН/ОКИ). Претставници од МОН/ОКИ присуствуваа на обуката и ги поздравија присутните учесници. Одржувањето на училиштата е тема која во образовната дебата е запоставена, а е од огромно значење за квалитетот на одвивањето на наставата и процесот на учење. Исто така, долгорочно доброто одржување може да креира финансиски заштеди.

DSCN3227rПретставникот од средното училиште Ванчо Прке од Виница, Борче Стојановски на обуката им кажа на своите колеги: „Од Проектот добивме идеја да подготвивме листи за проверка со цел да ги подобриме процедурите за одржување на училиштето. Листите за проверка функционираат, вработените во училиштето се навикнаа дека треба да проверуваат дали сѐ е во ред и да ги пријавуваат проблемите. Верувајте ми, за кратко време можевме да ги видиме резултатите.“
Прашањата кои беа отворени за време на обуката и понатака ќе се дискутираат за време на посетите за следење на работата на училиштата заедно со техничкиот персонал кој е најважната алка потребна за соодветно одржување и функционирање на училиштето. Од подобреното одржување на училиштата корист ќе имаат 8.568 ученици и 890 вработени во 11-те училишта кои беа реновирани во втората година од имплементацијата на Проектот.