Monday, October 25, 2021

Обуките за одржување на училиштата придонесуваат за создавање на подобра средина за учење

По успешно завршените обуки за одржување на училиштата во пилот годината од имплементацијата на Проектот, истите беа организирани и за членовите на тимовите за реновирање на училиштата (ТРУ) од 11-те избрани училишта кои ќе бидат реновирани во 2013 година. Во сите новоизбрани 11 училишта беа основани ТРУ кои се состојат од 5 до 10 членови кои ги претставуваат вработените во училиштата, родителите, училишниот одбор, општината и локалната заедница.

Обуките беа одржани во периодот април – мај 2013 година. Сесиите беа поделени во две полудневни обуки и вкупно 176 учесници присуствуваа на овие обуки. Директорите на училиштата, техничкиот персонал, наставниците, родителите, претставниците од општините и локалните заедници го зголемија нивното знаење во врска со определувањето на потребите и приоритетите за реновирање на училиштата, подготовката на планови и буџети за одржување на училиштата и планирање на настани за собирање на дополнителни средства. Преку интерактивни презентации, тимска практична работа и групни дискусии, членовите на ТРУ ги споделија нивните пракси за одржување на училиштата и научија како истите да ги подобрат.

Овие обуки резултираа со квалитетно подготвени апликации за реновирање на училиштата кои беа доставени до Проектот. Во апликациите, ТРУ ги наведоа нивните избрани приоритети за реновирање и испланираа како ќе го реновираат училиштето во соработка со Проектот, општината, училиштето, родителите и локалната заедница. Во периодот кој следи, во сите 11 училишта ќе бидат организирани менторски сесии со цел да им се помогне на училиштата и понатаму да ја подобрат нивната работа во однос на одржувањето на училишните објекти. Од подобрената работа на ТРУ и подобреното одржување на училишните објекти вкупно 9.162 ученици и 890 наставници ќе имаат корист.