Monday, December 6, 2021

Започнување на новото полугодие со нов влез во ОУ Никола Карев

Враќајки се од зимскиот распуст, 541DSCN3374 ученици кои наставата ја слушаат во основното училиште Никола Карев во Кочани беа пријатно изненадени од глетката на нивната реновирана училишна зграда. Со насмеани лица, тие влегоа во училиштето преку нова влезна врата – која беше изградена со заедничките напори на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Министерство за образование и наука, Општина Кочани и самото училиште.

Училиштето кое е изградено во 1957, има 32014-04-02 11.53.49 ката и 18 училници. Пред процесот на реновирање, училиштето располагаше со само еден влез во училишната зграда. Секое сабајле, учениците се собираа во толпи пред тесната врата на училиштето. Постоењето на еден влез и излез од училиштето не само што им го отежнува навременото пристигнување на учениците во училниците, туку и не е во согласност со стандардите за безбедност на училиштето.

DSCN3362Новиот влез не беше единствената промена на која наидоа учениците на првиот ден од второто полугодие. Зградата беше подложена на комплетено реновирање во однос на првобитната состојба благодарение на партнерството помеѓу ПМИО, Министерството за образование и наука, Општина Кочани, и училиштето. Објектот денес има живописна сиво-жолта фасада, поставена е нова електрична инсталација, а во тек е уредување на училишниот двор и патеките кои водат до училишната зграда.

2014-04-02 11.58.34Без сомнение, училиштето претставува втор дом за 541те ученици и нивните 62 наставници. Обезбедување на пристојна и безбедна средина за учење е стимулот кој му е даден на ова училиште како награда за спроведување на добри практики, меѓу кои и меѓуетничка интеграција во образованието. ПМИО неуморно работеше заедно со партнер институциите да обезбеди побезбедна средина, како и насмевки во лицата на учениците.