Friday, July 30, 2021

Започна реновирањето во училиштето „Гоце Делчев“ од општина Илинден

ilindeeen17 јули 2014 е голем ден за основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Илинден. Додека учениците уживаат во нивниот заслужен летен распуст, вработените во училиштето работат напорно за да ги подобрат условите за учење. Активностите за реновирање на училиштето и официјално започнаа на терен. Беше организиран вовед во работа на кој присуствуваа претставници од ЕУКОМ, УСАИД/ПМИО, од општина Илинден, основното училиште „Гоце Делчев“, изведувачот Меда – 3 од Тетово и надзорот БАР Е.Ц.Е. од Скопје. Избраната фирма – изведувач, одговорна за замена на прозорците, зема мерки за новите алуминиумски прозорци по што ќе следи изработка и нивно поставување. Во меѓувреме, училиштето ќе ги демонтира старите и оштетени прозорци. Првиот од старите, дрвени прозорци беше демонтиран од специјалните гости на овој состанок, Дезмонд Брукс, висок претставник од Европската команда на американската војска, и Жика Стојановски, градоначалникот на општина Илинден.

По замената на прозорците во ходниците, општина Илинден ќе постави нови влезни врати, ќе ги закрпи ѕидовите околу новопоставените прозорци и врати и ќе ја обои фасадата. Покрај демонтажата на старите прозорци, училиштето ќе го замени и стариот котел со нов. Предвидено е сите активности да бидат завршени до крајот на август. На 1 септември 2014 година, повеќе од 1.000 ученици ќе бидат пречекани во помодерно и енергетски ефикасно училиште.