Wednesday, August 4, 2021

19.02 – Гостивар – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО…

19.02 – Гостивар – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО

Од 12:00 до 14:30 часот, во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар ќе се одржи отворен ден на проектни активности при ПМИО. Отворениот ден е наменет за пошироката публика на локално и национално ниво и тоа: родители, наставници, директори од други училишта, ученици од основни училишта, претставници од општината и клучните образовни институции (МОН, БРО, ДПИ). На отворениот ден, преку интерактивен пристап, со учество и на публиката, својата работа ќе ја претстават: две групи за мултикултурни работилници; една група за излети; две секции; една група за демократска партиципација и една група за професионална соработка меѓу наставници. Околу 70 ученици и 20 наставници се очекува да бидат вклучени во претставувањето на активностите. Добредојдени сте сите!