Wednesday, December 8, 2021

14.02 – Кичево – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО…

14.02 – Кичево – Отворен ден – Промотивен настан на проектни активности при ПМИО

Од 11:00 до 14:00, во ОУ „Братство Единство“ од Кичево, ќе се одржи отворен ден на проектни активности при ПМИО. Отворениот ден е наменет за пошироката публика на локално и национално ниво и тоа: родители, наставници, директори од други училишта, претставници од општината и клучните образовни институции (МОН, БРО, ДПИ). На отворениот ден, преку интерактивен пристап, со учество и на публиката, својата работа ќе ја претстават: четири групи за мултикултурни работилници; една група со билингвални работилници за ученици од прво одделение; една група за излети; една секција; една група за демократска партиципација и една група за професионална соработка меѓу наставници. На отворениот ден, присуство ќе имаат околу 120 ученици и 20 наставници, кои ќе бидат вклучени во претставувањето на активностите. Добредојдени сте сите!