Tuesday, September 28, 2021

1.09 – Охрид – Приредба по повод првиот училиштен ден и приемот на…

1.09 – Охрид – Приредба по повод првиот училиштен ден и приемот на првачињата

По повод првиот ден во училиште и приемот на првачињата во училиштето во двете згради на училиштето ќе се организира приредба на која ќе има интегрирани точки со учество на ученици од сите наставни јазици. Приредбата е наменета пред се на првачињата и нивните родители како и други ученици, родители и наставници од училиштето. Истовремено настанот ќе се искористи за да се промовира училиштето и нејзиното брендирање како модел училиште (поставување на знаме за модел училиште и декларација за интеграција).