Friday, December 3, 2021

Споделување на напредокот и постигнувањата на училишните активности во текот на 2012 за модел училиштето Здравко Цветковски

Директорот на училиштето, претставници од Бирото за развој на образованието, членовите на Тимовите за училишна интеграција, наставниците, учениците и ПМИО тимот заедно на 24 јануари 2013 година, на презентацијата, разговараа за достигнувањата и училишните активности кои беа реализирани во текот на 2012 година во модел училиштето Здравко Цветковски во Скопје.

Овие достигнувања ги покриваат заедничките воннаставни активности како што се: формирање на етнички мешани спортски тимови во фудбал, заеднички екскурзии на сите ученици на места од интерес за сите како што се Шарена џамија во Тетово, Кнауф фабриката и рудникот во Дебар и манастирот Свети Јован Бигорски .

Други активности кои треба да се издвојат се заедничките интер-културни активности одржани од наставници од двата наставни јазици, различни видови на настани и прослави, хорот и бендот кои пеат песни на македонски и албански јазик и демократско учество на учениците, каде што студентите гласаат за претседател и заменик претседател на класовите – доколку претседателот е од една етничка припадност, другиот треба да биде од друга.

Средното училиште Здравко Цветковски во Скопје е едно од четирите модел училишта на УСАИД Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Наставата се одржува на два наставни јазика, македонски и албански и има претставници од другите етнички групи, како што се Турци и Роми.

Овие активности им дадоа шанси на сите да сфатат дека подобрувањето е неизбежно и претставува реален чекор во вистинската насока кон иднината. Резултатите покажаа дека голем напредок е направен во изминатата година од проектот и повеќе ќе следи во периодот кој доаѓа.