Tuesday, September 28, 2021

Интегрирана училишна манифестација во Куманово

If you`re happy and you know it clap your hands
If you`re happy and you know it clap your hands
If you’re happy and you know it, then your face will surely show it
If you`re happy and you know it clap your hands…

Како што сите ја знаат оваа популарна песна за деца, така и деца од основните училишта “Браќа Миладиновци” и “Бајрам Шабани” од Куманово. Она што е посебно во врска со овие деца, од овие два училишта, е дека преку оваа песна тие испраќаат порака дека тие можат да живеат, работат и слават заедно.
На 3 октомври двете училишта, на заедничка настан , го прославија Светскиот ден на наставниците во основното училиште Браќа Миладиновци. За разлика од традиционалниот начин на организирање на училишни манифестации каде се вклучени само учениците, наставниците и родителите од едно училиште или училишта со ист наставен јазик, за прв пат, по повеќе од дваесет години, училишта со различни наставни јазици организираа заеднички настан. Бесценето беше да се видат насмеаните деца како танцуваат и пеат заедно, не знаејќи кој доаѓа од кое училиште што воопшто не беше важно.
Директорите од двете модел училишта се надеваат дека ќе ја интензивираат својата соработка во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и посакуваат заедничките настани ќе бидат дел од нивниот секојдневен функционирање.