Wednesday, July 28, 2021

Градење групна кохезија помеѓу модел училиштата

На 13 февруари 2014, Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) беше домаќин на тимовите за училишна интеграција од четири модел училишта. Основните училишта Санде Штерјоски од Кичево, Братство Единство од Охрид, Браќа Миладиновци и Бајрам Шабани од Куманово беа присутни и учествуваа во сите активности на обуката. Обуката се состоеше од разновидни групни или партнерски активности, како на пример градење кули од стара хартија, одење во парови со балони измеѓу учесниците или подготвување салата со една рака. Целта на овој тип на активности беше да се зголеми меѓусебното дружење, да се градат стратегии за соработка, зајакнување на довербата помеѓу членовите на СИТ-от, градење групна кохезија и пред сè, забавува. На крајот од обуката, на учесниците им беше претставена презентација на активности на ПМИО за претстојната година.