Saturday, September 25, 2021

9.12 – с. Ерџелија, Св. Николе – Свечен настан на сечење лента во ОУ „Даме Груев“…

9.12 – с. Ерџелија, Св. Николе – Свечен настан на сечење лента во ОУ „Даме Груев“

Од 11:30 часот во ОУ „Даме Груев“ во Св. Николе, ќе се одржи свечен настан на сечење лента со што ќе се одбележи завршувањето на процесот на реновирање во ова училиште. На настанот, присуство ќе има Мајор Џефри Ван Сикл, Шеф на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, г-дин Зоран Тасев, градоначалник на општина Св. Николе, директорот на ОУ „Даме Груев“ г-ѓа Маја Давкова, како и претставници на ЕУКОМ, општина Св. Николе, УСАИД, ПМИО, родители и ученици. За време на настанот, ќе се спроведат и заеднички ученички активности со партнер училиштето „Рилиндја“ од Липково.