Tuesday, September 28, 2021

25.11 – Кавадарци – Свечен настан на сечење лента во ОУ „Тоде Хаџи Тефов“…

25.11 – Кавадарци – Свечен настан на сечење лента во ОУ „Тоде Хаџи Тефов“

Од 12:00 часот во ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, ќе се одржи свечен настан на сечење лента со што ќе се одбележи завршувањето на процесот на реновирање во ова училиште. На настанот, присуство ќе има Мајор Дон Николс, одговорна за билатералните прашања во Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД во Скопје, г-дин Александар Панов, градоначалник на општина Кавадарци, директорот на ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ г-дин Никола Нешковски, како и претставници на ЕУКОМ, општина Гази Баба, УСАИД, ПМИО, родители и ученици. За време на настанот, ќе се спроведат и заеднички ученички активности со партнер училиштето „Бајрам Шабани“ од Сарај.