Tuesday, September 28, 2021

28.10 – Кратово – Свечен настан на сечење лента во СУ „Митко Пенџуклиски“…

28.10 – Кратово – Свечен настан на сечење лента во СУ „Митко Пенџуклиски“

Од 11:30 часот во СУ „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, ќе се одржи свечен настан на сечење лента со што ќе се одбележи завршувањето на процесот на реновирање во ова училиште. На настанот, присуство ќе има Полковник Томас Батлер, висок претставник на одбраната при Амбасадата на САД во Скопје, г. Мите Андоновски, градоначалник на општина Кратово, директорот на СУ „Митко Пенџуклиски“ г. Тони Јанев, како и претставници на ЕУКОМ, општина Кратово, УСАИД, ПМИО, родители и ученици. За време на настанот, ќе се спроведат и заеднички ученички активности со партнер училиштето „Исмет Јашари“ од Липково.