Monday, December 6, 2021

24.06 – Скопје – Третата епизода на Мулти-виа-радио на РадиоМОФ…

24.06 – Скопје – Третата епизода на Мулти-виа-радио на РадиоМОФ

Со почеток во 19:00 часот, на онлајн фреквенцијата  на РадиоМОФ, ќе се емитува третата епизода на Мулти-виа-Радио. Гостин на оваа епизода ќе биде Виолета Симјановска од партнер организацијата на ПМИО, Мултимедиа. Мулти-виа-радио е емисија во кoja заедно со нејзиниот домаќин Бујар Саити низ разговор и музика ќе научиме повеќе за младите, за различните, сличните и ќе го прошириме нашиот хоризонт на можности. Инспирацијата за емисијата доаѓа токму од тоа дека секој од нас потекнува од негде и од некој, но секој од нас е посебна единка која се развива зависно од околностите кои го опкружуваат. За повеќе информации, посетете ја: http://www.radiomof.mk/multi-via-radio/