Saturday, October 16, 2021

17-19.08 – Хотел Континентал, Скопје – Обука за обучувачи за форум театар методологија…

17-19.08 – Хотел Континентал, Скопје – Обука за обучувачи за форум театар методологија

Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието и ЦИУ Мултимедиа како партнер организација ќе организира Обука за обучувачи за форум театар на која ќе учествуваат 10 професори од 5 избрани средни училишта од Македонија. Професорите од секое училиште кои ќе ја проследат обуката ќе бидат задолжени да спроведуваат форум театар работилници, во своето училиште, но и во други училишта кои се наоѓаат во тој регион.

Целта на оваа обука е да се развијат вештините и стручноста на претставници од училиштата за тие понатаму да можат да го пренесат стекнатото знаење на учениците од училиштата.