Tuesday, September 28, 2021

13.11 – Охрид – Работилница за рачна изработка на накит во СОУ „Св. Климент Охридски“…

13.11 – Охрид – Работилница за рачна изработка на накит во СОУ „Св. Климент Охридски“

Како дел од активностите на креативното катче во СОУ „Св. Климент Охридски“, ќе се одржи работилница со мешана група ученици за рачна изработка на накит. Работилницата ќе ја води Јана Ацевска, познат дизајнер за накит. Ова е прва активност во ова креативно катче организирано од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образование, 6 други средни училишта ќе започнат со спроведување на активности во нивните креативни корнери во претстојниот период.