Tuesday, October 26, 2021

1.12 – Кичево – Работилница за пермакултура во СУ „Дрита“ и „Мирко Милески“…

1.12 – Кичево – Работилница за пермакултура во СУ „Дрита“ и „Мирко Милески“

Како дел од активностите на креативното катче во СУ „Дрита“ и „Мирко Милески“, ќе се одржи работилница со мешана група ученици за пермакултура. Работилницата ќе ја води Ѓорѓи Самарџиев, експерт за пермакултура. Ова е прва активност во ова креативно катче организирано од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образование, а во претстојниот период, 6 други средни училишта ќе спроведуваат активности во нивнтие креативни катчиња.