Wednesday, July 28, 2021

Подготовка на мултимедијални содржини во Кичево и Битола

Во текот на минатата недела, од 30 ноември до 2 октомври 2013 година во Кичево и во Битола беа одржани две дводневни обуки за подготовка на мултимедијални содржини (Младите преку медиумите). Обуките беа наменети за наставници и ученици од сите средни училишта во двата града. Обуката беше корисна за присутните учесници да се стекнат со знаења за подготовка на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието за специфични теми како што се стереотипи во печатените и електронските медиуми, неверодостојно известување, предрасуди и говор на омраза.
Присутните учесници научија што се вести, сторија, интервју и како да пишуваат стории, да фотографираат, да пишуваат текстови, да снимаат видео записи со изјави, да уредуваат, да подготвуваат и да уредуваат содржини и да пишуваат на веб. На крајот на работилницата тие успеаја да креираат сопствени стории за активностите што се спроведуваат во нивните училишта. Учесниците имаа можност да работат во групи, да соработуваат и да споделуваат различни искуства во однос на активностите кои ги спроведуваат нивните училишта во рамки на ПМИО.