Friday, December 3, 2021

Форум театар дебати во Кичево и Битола

Во Кичево и Битола беа организирани две форум театар дебати за учениците кои имаа можност да вежбаат и да дискутираат за одредени прашања поврзани со меѓуетничката соработка во училиштата, приод кој ја вклучува публиката во „претставата“ со цел таа да даде свој придонес кон драмското дејствие во обид да се смени исходот во дадена ситуација.
Во Кичево, учениците дебатираа за напорите кои можат да ги вложат за организирање на заеднички активности на двете училишта, нудејќи различни решенија за сегашната состојба; додека учениците во Битола, со користење на овие техники во форум театар размислуваа и дискутираа за еднаквата вклученост на нивните другари без оглед на нивното етничко или друго потекло во сите области, вклучувајќи ги и училишните активности.
Овие активности продолжуваат да ги поврзуваат учениците со цел да се создадат што е можно повеќе можности за дискусија и да се остварат позитивни резултати во интеграцијата и меѓуетничката соработка.