Wednesday, August 4, 2021

Форум театар дебата и работилница во Штип

Користејќи ја техниката на Аугусто Боал, на 17 Септември, 2013 година форум театар и дебата ги собра на едно место учениците од средните училишта од општина Штип.
Настанот беше фацилитиран од страна на нашите познати актери Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, кои заедно со група на млади студенти на драмски факултет, им овозможија на младите ученици од Штип да бидат сведоци на одредена ситуација преку игра со улоги – љубовна приказна меѓу турчинка девојка и момче македонец и сите пречки со кои тие се соочуваат во училиштето, со своите пријатели и во нивната заедница.
Форматот и техниките кои се користат за време на Форум театарот дозволуваат да нема бариери помеѓу сцена и публиката – учесниците се охрабрени да предложат решенија и да преземат улога со цел да го променат текот на зададената ситуација.
Ова беше успешно изведено и изиграно со активно учество на учениците во Штип во која можеше да се види плодна дискусија и интересни предлози.

Овие активности, исто така, ќе се одржат во Куманово, Тетово, Кичево, Велес, Скопје и Битола во периодот септември-ноември 2013.