Monday, September 27, 2021

Способност, креативност и талент наместо етничка, религиозна или политичка припадност

Учениците од средното училиште Јане Сандански од Струмица имаа јасна порака до нивните соученици, наставници, директорот на училиштето и сите останати кои беа присутни на презентацијата на студијата на случајот на кариерен развој во мултикултурна компанија наведувајќи дека способноста, креативноста и талентот се суштинските вредности за разлика од етничката, религиозната или политичката припадност.

Се сретнавме и тоа беше почеток, останавме заедно, тоа беше напредок, работевме заедно и тоа беше целосен успех” – рече Мирјана Илиева, еден од вклучените истражувачи.

Презентацијата се одржа во просториите на Домот на АРМ во Струмица каде над 100 лица присуствуваа на настанот, а учениците го опишаа целиот процес на истражување на избраните компании – АД Единство и ЈПКД Комуналец од Струмица.