Saturday, October 16, 2021

Со песна и игра се одбележа завршетокот на реновирањето на училиштето Кирил и Методиј

Со песна и игра со стари, традиционални инструменти, луѓето во Злетово го прославија завршетокот на реновирањето на подрачното основно училиште Кирил и Методиј во Општина Пробиштип. Во соработка со општината, подовите во училниците и ходниците беа заменети и сега учениците имаат подобра средина за учење за меѓуетничка интеграција во образованието. Сите беа вклучени во процесот, наставниците, родителите и учениците коишто придонесоа во активностите на чистење.
Настанот го посетија потполковникот Марк В. Воткинс, шеф на Канцеларијата за соработка во доменот на одбраната при Амбасадата на САД, Мајор Рик Траја, Заменик шеф на Канцеларијата за соработка во доменот на одбраната и Офицер за билатерални прашања, Виш специјалист за образование во УСАИД, Лела Јаковлевска и Градоначачникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

„Ние во ЕУКОМ ја познаваме важноста на меѓуетничката интеграција во јавното образование за Република Македонија и ви честитаме на вашата посветеност кон остварувањето на таа цел. Со тоа ќе им помогнете на идните лидери во вашата заедница да растат со заеднички вредности и да создаваат пријателства – пријателства коишто ќе негуваат кооперативно, интегрирано и мирољубиво општество“, рече потполковникот Марк В. Воткинс, шеф на Канцеларијата за соработка во доменот на одбраната при Амбасадата на САД.
Реновирањето е само дел од активностите коишто ќе ги преземат училиштата со цел да се креира и одржува меѓуетничката интеграција во образованието.