Thursday, August 5, 2021

Сложни креативци се изразија во духот на космополитизмот

Рацете на триесетина луѓе наизменично типкаа на лаптопите, се слушаше кликање на дигиталните апарати и смеата на тремаџиите пред камера.
Вака помина дводневната обука за мултимедијални интернет содржини во образованието, што ја организираа МИМ и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, на 22 и 23 април во Скопје .

Наставници и ученици од седум скопски средни училишта, распоредени во 3 работни групи, ги претставија нивните допирни точки во  редовните воннаставни училишни ангажмани. Секој од членовите во групата учествуваше, а сите заедно  работеа, осмислуваа, снимаа, режираа, монтираа.

 Тие преку мултимедијалните стории покажаа дека не секогаш перцепциите на јавноста за соживотот на луѓето од различен етникум се правилни. Според нив оваа работилница е можност за создавање интегрирана заедница во која  исчезнуваат предрасудите. Ги прашавме учениците што најмногу им се допадна од обуката.

Наставниците, рамо до рамо со своите ученици, поднаучија нешто  повеќе за новите технологии, додека помладите креативци инспирација црпеа од искуството на нивните предавачи.

Ова дводневно дружење создаде пријатна работна атмосфера, непречена и искрена соработка, заемно дополнување и мотив за работа базиран на креативност. Во продолжение погледнете ги фотографиите од творечкиот амбиент.

Новите сознанија за мултимедијалните интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието се поттик овие групи и во иднина да создаваат ваков тип на содржини за своите училишта. Сториите на трите креативни тима, можете да ги видите на блогот Интегратика.