Saturday, September 25, 2021

Свечен настан за обележување на завршувањето на процесот на реновирање и за поздравување на активностите за меѓуетничка интеграција

Денес, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со Градот Скопје, го прослави завршувањето на реновирањето во средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје, со финансиска поддршка од Владата на САД преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ).
На овој свечен настан на едно место се собра родителите, професорите, учениците, Градоначалникот на Скопје и локалните власти, УСАИД и ЕУКОМ за заеднички да ги поздрават сите активности што училиштето ги спроведува во име на меѓуетничката интеграција и кохезија во образованието.
Процесот на реновирање во Јосип Броз Тито е само поттик за создавање на подобра средина за учење за меѓуетничка интеграција во образованието.
„Современото образование вградува концепти и пристапи коишто им помагаат на младите генерации да го негуваат и да го промовираат соживотот, мирот, како и да изнаоѓаат начини за успешна соработка на секое поле. Наставниците и родителите имаат благородна улога да ги научат децата дека припаѓаат на мултиетничко и мултикултурно општество, додека нашата улога како Град Скопје е да создадеме услови и да понудиме можности концептот на меѓуетничката интеграција да биде интегриран во секое училиште“ – истакна Градоначалникот на Скопје, г-дин Коце Трајановски.
Ние во ЕУКОМ ја препознаваме важноста на меѓуетничката интеграција во јавното образование за Република Македонија и ви честитаме за вашите напори направени за остварувањето на таа цел“ – рече наредникот на Канцеларијата на военото аташе при Амбасадата на САД во Скопје, Гери Шеденхелм. „Ова е уште еден начин на кој ние соработуваме со цел да изградиме подобра средина за учење и посветла иднина“.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ќе продолжи да им помага и на други заедници во нивните напори за подобрување на училишните објекти и за унапредување на меѓуетничката интеграција и соработка.