Thursday, August 5, 2021

Свечено сечење лента во основното училиште „Крсте Мисирков“

На 18 декември 2012 година во основното училиште „Крсте Мисирков“ во празнична атмосфера, во организација на училиштето и на општината Гази Баба беше организиран настан по повод завршување на процесот на неговото реновирање. Многу родители, наставници, деца, претставници на општината, УСАИД, EUCOM и тимот од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието уживаа во различни перформанси, споделија многу информации за училиштето и слушнаа повеќе говори.
„Ова е ваше училиште каде што ќе стекнете пријателства и ќе научите многу важни работи што ќе ви помогнат за подобра иднина. Треба да се гордеете со вашето училиште, треба да сте љубезни едни со други, да ги почитувате вашите наставници и родители и да им давате поддршка“, изјави потполковникот Гершман од Европската команда на американската војска, обраќајќи им се на децата. „Во името на многу војници, морнари, пилоти и маринци од Европската команда, јас ве поздравувам сите вас и ви честитам за вашата напорна работа и континуираните напори правејќи го овој проект долгорочен и успешен“.
Градоначалникот на општина Гази Баба и директорот на училиштето „Крсте Мисирков“ истакнаа колку е важна меѓуетничката интеграција во училиштата. Затоа систематското спроведување на активностите што ја унапредуваат меѓуетничката кохезија и соработка се белег на општината и на училиштата.
Реновирањето на училиштето „Крсте Мисирков“ е финансиски поддржано од страна на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД.