Sunday, October 17, 2021

Свечено сечење лента во основните училишта Лириа и Братство Миѓени во општините Боговиње и Тетово

Општините Боговиње и Тетово и основните училишта Лириа и Братство Миѓени организираа свечено  отворање на реновираните училишта – инсталација на парно греење, пристапни рампи за лицата со хендикеп и замена на прозорци. Еден сончев ден, на 24 април 2013 проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со наставниците, родителите, учениците и претставници од УСАИД и тимот за меѓуетничка интеграција во образованието, се собраа да го одбележат реновирањето на училиштата.Настаните беа посетени од страна на г-ѓа Волерс, Амбасада на САД во Македонија, УСАИД виш специјалист за образование во УСАИД, Лела Јаковлевска, градоначалник на Боговиње, Хазби Идризи и градоначалникот на Тетово, Теута Арифи.
“Родителите играат клучна улога во меѓуетничката кохезија и интеграција, затоа апелирам до сите вас кои имате деца да ја сфатите сериозноста на таа улога и да им покажете на вашите деца начините на кои тие можат да играат позитивна улога во своите заедници. Ништо не може да има поголемо влијание врз нивното однесување – сега и подоцна како возрасни – од овие клучни лекции кои ќе ги споделите со нив “- рече г-ѓа Волерс за време на нејзиниот говор.
Процесот на реновирање е финансиски поддржан од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Европската команда на САД (ЕУКОМ). Реновирањето се само еден дел од активностите кои училишта ќе се преземат со цел да се создаде и одржи меѓуетничка интеграција во образованието.