Friday, July 30, 2021

Разновидностa е универзална вредност

Денес, средното училиште Арсени Јовков беше домаќин на презентација на студија на случај на тема – развој на кариера во мултикултурна компанија во која што беше направено темелно истражување за начинот на функционирање на компаниите “Даути комерц” и “Јавно комунално претпријатие”. Презентацијата беше направена и изложена од страна на група од шест ученици, кои беа директно вклучени во целиот процес.

Активноста на ПМИО придонесе учениците подобро да ја препознаат својата улога во општеството и да сфатат дека разликите меѓу нив не се причина за поделба, туку за единство и меѓусебно разбирање.

“Без разлика дали припаѓаме на помалубројна етничка група во една држава, сите ние имаме еднакво право како и другите да се чувствуваме како дел од едно цело”, изјави еден од учениците.

Над 100 луѓе присуствуваа на презентација, вклучувајќи наставници, ученици, родители и директори на училишта. ПМИО во партнерство со Моја кариера додели благодарници на сите ученици и наставници кои што беа вклучени во процесот.