Thursday, August 5, 2021

„Разгледница од Охрид“ – средношколците со претстава што ја освојува публиката

DSC06667На 13 ноември 2014, учениците од СОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид го претставија финалниот производ од креативните работилници кои се одвиваа во ова училиште во изминатите 6 месеци.  Претставата „Разгледница од Охрид“, која учениците од повеќе етнички заедници ја изведуваат на повеќе јазици,  ја доживеа нејзината премиера во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“, која се наполни целосно со брзина на светлината.

Ученици од сите средни училишта во Охрид, наставници, родители, претставници од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и претставници од општина Охрид со восхит ја проследија претставата, чијшто текст и целосна изведба се дело на креативните умови на учениците од „Св. Климент Охридски“. По завршување на претставата, учениците прославија со ѓомлезе подготвено на охридски начин, многу насмевки и горди лица.

DSC06696 hdfhВеднаш по претставата, во рамките на истиот настан  се одржа и Форум – театар дебата, каде што сите ученици преку игра на улоги активно се вклучија во решавање на дадена ситуација во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието. Уште еднаш се докажа дека учениците уживаат да ја материјализираат нивната креативност заеднички, без оглед на кој јазик тие говорат. Тие од Охрид испратија единствена порака: Јазикот на креативноста е универзален.