Friday, July 30, 2021

Работилница, тркалезна маса и дебата околу мултикултурниот контекст во образованието во Општина Битола

На 1 и 2 ноември 2012, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и ЦИУ Мултимедиа, работеше на едно место со претставници од образовни институции, училишниот персонал, директори, наставници, ученици и родители со цел да разговараат за мултикултурниот и интеркултурниот контекст во образованието во нивната општина.

Првиот ден МИМ работеше со 32 учесници во процесот на надградување на своите презентациски вештини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието и начините како се јасно да ги искажат своите знаења за различни целни групи вклучени во образовниот процес.

Следниот ден, тркалезната маса и дебатата во соработка со ЦИУ Мултимедиа, успеа да собере повеќе од 80 учесници од соодветните образовни институции, управите на училишта, учениците и родителите. Во убава атмосфера тие заеднички разговараа како вредностите на меѓуетничката интеграција може позитивно да влијаат на подобрување на образованието, промовирање на различностите и претставување модел училишта, општини и заедници.

Овие активности се покажаа како многу успешни. Презентерите на тркалезна маса и дебатата беа г-ѓа Ана Томовска Мисоска која сподели некои искуства од Северна Ирска, додека г-дин Сашо Мацановски Трендо, кој е добро познат по неговото медиумско присуство веќе подолг период, сподели видување како е-светот може да влијае на младите за промовирање на мултикултурниот контекст во образованието.

Г-дин Мацановски се обрати на присутните со зборовите:
Образованието е многу важно. Тоа е како првото копче на кошулата. Ако го промашите првото копче, не може да очекувате дека на крајот кошулата ќе биде правилно закопчена”.
Работилници, тркалезни маси и дебати продолжуваат и во Тетово, Струмица и Скопје во текот на ноември 2012 година.