Sunday, October 17, 2021

Поставување на основите за мирна иднина во Средното училиште Наце Буѓони во Куманово

Како дел од активностите за меѓуетничка интеграција во образованието, денес, 29 ноември 2013 година, во холот на училиштето Наце Буѓони во Куманово беше организирано свечено сечење на лента. Процесот на реновирање во ова училиште претставува иницијатива којашто обезбедува подобра средина за учење за учениците, проследена со активности насочени кон подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието. Денес, граѓаните на Куманово имаа можност да слушнат како наставници и ученици, заедно, преку разни активности, напорно работат за да го вградат концептот за меѓуетничка интеграција во образованието: наставниците ги споделуваат своите знаења со други колеги и дискутираат за акционите планови од нивните годишни програми, а учениците се активно вклучени во дебатни клубови основани во нивното училиште и дискутираат на различни теми поврзани со прашања од заеднички интерес.

На настанот присуствуваше амбасадорот на САД, Пол Д. Волерс, мајорот Рик Траја, Заменик шеф на Канцеларијата за соработка во доменот на одбраната и Офицер за билатерални прашања, Вишиот специјалист за образование во УСАИД, Лела Јаковлевска, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, како и наставници, родители и ученици.
„Во Наце Буѓони градиме не само подобри училници, туку нешто многу повеќе. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и нашите партнери од Европската команда, ние истовремено ја поставуваме и основата за покооперативна, интегрирана и мирна иднина”, изјави американскиот амбасадор Пол Д. Волерс.

Процесот на реновирање е финансиски поддржан од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Европската команда на САД (ЕУКОМ).