Friday, July 30, 2021

Обука за планирање на ефективни интерактивни јавни презентации во Штип, Тетово и Куманово

Од 11 до 14 ноември 2013 , се одржаа три еднодневни обуки за планирање на ефективни интерактивни јавни презентации во Штип, Тетово и Куманово. Обуките беа наменети за сите основни и средни училишта во овие три региони , вклучувајќи претставник од Тимот за училишна интеграција од секое училиште. Обуката беше насочени кон развојот на вештините и знаењата на учесниците преку нови информации и практично искуство за планирање на кратки изјави за специфична целна публика, идентификување, избегнување и решавање на стереотипите, предрасудите и говор на омраза .

Учесниците се запознаа и со начините на структурирање и организирање на ефективни презентации, подготовка на јавна презентација за одредена целна публика, групите презентираат на користење на „игра на улоги“, организирање на дебата и прес конференција која ќе поттикне дискусија и повратна информација од останатите учесници.

Овие типови на обуки продолжуваат и ќе бидат вклучени сите училишта од регионите на Велес, Струга, Скопје, Струмица и Кичево во текот на ноември и почетокот на декември.