Thursday, January 27, 2022

Обука за изготвување на мултимедијални содржини за средните училишта во Штип

Денес и утре (17 септември и 18, 2013) во Штип ќе се одржи дводневна обука за изготвување на мултимедијални содржини (Млади преку медиуми) со наставниците и учениците од средните училишта од Штип, Радовиш и Св.Николе. Во текот на претходната недела истата обука се одржа во Скопје со наставници и ученици од средните училишта во Скопје, во која тие добија знаења за изготвување на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничка интеграција во образованието.
Учесниците ги проширија своите знаења за стереотипи и имаа можност да слушнат за примери од најчестите стереотипи во печатени и електронски медиуми, како да препознаваат пристрасно и неверодостојно известување, предрасуди и говор на омраза во медиумите. Учесниците добиваат информации за основите на информативното пишување, како што се: што е вест, извештај, сторија, интервју и како да се напише, кои се етички правила, подготовка и уредување на содржините и пишување на интернет. Пристапот вклучува работа во групи; наставниците и учениците ги подготват своите приказни преку правење фотографии, пишување текст, правење видео клипови со изјави, уредување и качување на интернет на нивните производи.
Како дел од осумте регионални обуки кои ќе бидат организирани во Велес, Куманово, Кичево, Струга, Тетово и Битола во наредниот период, 56 средни училишта ќе бидат вклучени во процесот. Од овие обуки над 100 ученици и 100 наставници ќе имаат корист во иднина.