Tuesday, September 28, 2021

Настан за свечено сечење лента во ОУ Браќа Миладиновци во Жван, општина Демир Хисар

На 29 ноември 2012 година училиштето „Браќа Миладиновци“ во Жван и општина Демир Хисар имаа чест да одржат настан за сечење лента по повод поставување на нов покрив и громобранска инсталација на училиштето.

Тоа беше ден исполнет со пријатна и топла атмосфера и убаво време каде што заедно со наставниците, родителите, учениците и претставниците на УСАИД и Европската команда на американската војска (EUCOM) и тимот за меѓуетничка интеграција во образованието се одбележи реновирањето на училиштето во Жван.

Училиштето и општината многу инвестираат во промовирање на интеграцијата. Со поддршка на волонтерите од Мировниот корпус и Проектот  на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, тие оваа година успешно организираа летен камп со цел да се промовира разновидност. Исто така, постојат и многу други активности во кои децата се ангажирани, кога е во прашање меѓуетничката интеграција и разновидност.

„Кога работите стануваат тешки, појаките луѓе продолжуваат со работа“ – вака ги опиша, ентузијазмот и посветеноста на директорот, наставниците и родителите во процесот на создавање  училиште отворено за секого, високиот претставник на Европската команда на американската војска, Марк Воткинс.

Процесот на реновирање беше финансиски поддржан од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на образованието и Европската команда на американската војска.

Училиштето и општината уште еднаш ветија дека активностите за унапредување на разновидноста и мултикултурните вредности ќе бидат приоритет во нивната заедница претставувајќи главен столб за демократските процеси.