Tuesday, September 28, 2021

Креативно изразување и поврзување на студентите преку креативни работилници во „Арсени Јовков“

Креативни ученици, Македонци, Албанци и Роми, од средното училиште Арсени Јовков се собраа заедно да дискутираат и да споделат различни идеи, така што останатите ученици и граѓани ќе можат да слушнат и да научат, преку подигање на свеста,  за важноста на меѓуетничката интеграција во училиштата.

Преку креативно изразување и поврзување, дознавање за културата на другите и користење на имагинацијата, а со цел да се намалат стереотипите и предрасудите, се отвори пат за учениците коишто требаше да научат и да развијат нови идеи во текот на четирите работилници организирани од 3 до 23 октомври 2012 година.

Работилниците имаа за цел да ги зајакнат и да ги развијат вештините на учениците за користење на креативните процеси во поставување на заедничка цел, да стекнат искуство едни од други работејќи заедно, да научат за културата на другите, да иницираат критичко размислување за стереотипите, предрасудите и дискриминацијата по етничка основа, да развијат свест за придобивките од меѓукултурна и меѓуетничка соработка и да создадат кратки видеа со цел да се посочи интеркултурната размена.

За да се постигне сето ова, студентите преку различни активности работеа напорно, ги споделуваа своите омилени филмови и увидоа како позитивните пораки влијаат на препознавањето на дискриминацијата и неправдата во секојдневниот живот. Потоа можеше да се види како тие гледаат на поимот култура како процес којшто се пренесува преку семејството и моралните вредности, вклучувајќи различни видови на храна, обичаи и на традиција. На крајот, работејќи во групи, студентите разговараа како преку намалување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата може да се зголеми меѓуетничката соработка и интеграција во образованието.

Оваа мотивирана група на студенти ќе продолжи со своите напори да ја подига свеста за важноста на разновидност и меѓуетничка соработка во училиштата. За време на работилниците тие успеаа да развијат четири идеи коишто во наредниот период, со поддршка на двајца уметници и експерти, ќе ги преточат во кратки видеа, со цел да се рашири позитивниот дух за меѓуетничка интеграција во образованието.

Граѓаните и пошироката јавност ќе имаат можност да ги видат кратките видеа како дел од промотивните настани што ќе се одржат на почетокот на декември 2012 година.