Sunday, October 17, 2021

Интегрирање преку пеење и танцување – свечено сечење лента во основното училиште Живко Брајковски

Пеење на училишната химна, испеани различни песни од страна на Училишниот хор на македонски и албански јазик како и многу други активности беа само дел од свеченото сечење лента кое што се одржа денеска, 8 мај 2013 година во основно училиште Живко Брајковски по повод завршеток на реновирањето на училиштето, како дел од Преоктот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Многу родители, наставници, деца, претставници на општината, УСАИД, EUCOM и тимот од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието беа присутни и уживаа во разновидните активности на децата.

Родителите и наставниците играат суштинска улога во меѓуетничката кохезија и интеграција, и затоа ве повикувам сите да ја имате во предвид сериозноста на таа улога, и да претставувате позитивен пример во вашите заедници“, изјави полковникот Џефри Предмур, аташе за одбрана во EUCOM. “Ништо нема поголемо влијание врз однесувањето на децата – сега и подоцна како возрасни – од овие клучни лекции кои ги споделувате со нив

Процесот на реновирање е финансиски поддржан од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави / Европска команда (ЕУКОМ)