Saturday, October 16, 2021

Изложбата која промовира единство и пријателство во Кичево

На 10 октомври, во центарот на градот, ” Домот на културата” во Кичево беше домаќин на една харизматичниот група на млади ученици од средните училишта Мирко Милески и Дрита со цел  да ги промовираат своите производи изготвени во текот на креативните работилници кои се одржуваа од март до јуни 2013 година, како дел на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Изложбата беше отворена пред своите соученици од нивните училишта, наставници, директори, родители и други љубопитни посетители. Учениците покажаа креативност во различни насоки, изложувајќи извонредни уметнички дела во областа на сликарството, фотографијата и графити. Проследено со избрана музика од групата, на изложбата се покажа дека младите луѓе ги делат истите интереси , желби и соништа и етничките поделби од било каков вид не се дел од нивните размислувања. За време на работилниците, учениците посетија различни цркви, џамии и други објекти во Кичево каде што фотографираа и научија нови информации едни за други. По некое време, кохезијата помеѓу учениците македонци, албанци и роми беше неизбежна.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) има активности од овој тип во седум други училишта во текот на 2013 година , со цел да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието.