Thursday, August 5, 2021

Забавна приредба за одбележување на крајот на реновирањето во Виница

RC 1На 16-ти мај, после едно дождливо утро, сонцето се појави точно навреме за церемонијата за сечење на лента во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница. Наставниците и учениците вредно работеа во создавање на оригинална програма за публиката, со која се одбележа завршувањето на процесот на реновирање на училиштето – замена на училишните прозори, таванот и подот.

После почетните говори, училишниот оркестар одржа концерт на традиционална музика, кој беше проследен од модна ревија на ученици кои дизајнираа сопствени модни линии, музички настап на една  талентирана ученичка, како и изложба на ликовни творби, сè тоа изведено и изложено пред толпата луѓе. Забавната приредба го подигна духот на публиката која учествуваше плескајќи и уживајќи во изведбите на учениците.

На настанот присуствуваше и Потполковник Марк Воткинс од Канцеларијата за меѓуармиска соработка при американската амбасада, градоначалникот на општина Виница, наставници, ученици, родители, претставници на општината и други претставници на локалната заедница. RC 3

Ние градиме повеќе од добри училници и поудобна средина за учење,“ рече Марк Ваткинс. „Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, ги градиме темелите  за една поинтегрирана, покооперативна и помирна иднина во Македонија.”

Реновирањето на училиштето е поттик за учениците да се вклучат во активности кои се однесуваат на меѓуетничка интеграција во образованието.  Истото беше финансиски поддржано од партнерството помеѓу Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Европската команда на американската војска и Општина Виница.