Tuesday, September 28, 2021

Дебатер од дебатниот клуб на ПМИО на УСАИД ја доби наградата за најдобар говорник

10433095_10205032664234382_4613384212940000944_nАнгелина Цветковска, дебатер од СУ „Орце Николов“, дебатен клуб формиран во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД ја доби наградата за најдобар говорник на Националниот дебатен турнир за почетници. Турнирот беше одржан од 19 до 21 декември а негов домаќин беше партнерската организација – Младински образовен форум.  На настанот присуствуваа тимови од дебатните клубови од 15 градови во Македонија. Во него беа вклучени 114 дебатери и над 30 судии кои учествуваа во разновидната и интегрирана атмосфера.

Најдобриот тим и најдобрите говорници на настанот беа избрани преку 79 дебати. Главната цел на настанот е да се создаде можност за почетниците (дебатери и судии) да ги практикуваат ново стекнатите вештини преку редовните активности на дебатните клубови. Овие ученици учествуваат во неделни обуки на кои ги учат правилата на дебатниот формат и основните принципи на аргументирањето. Целта на настанот беше на учениците да им се даде можност во пракса да го испробаат нивното теоретско знаење за дебатирање.

2Дебатери од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД зедоа активно учество на турнирот. Повеќе од 45 членови од дебатните клубови од Прилеп, Делчево, Дебар, Неготино и Карпош, кои се дел од проектот учествуваа на настанот.

А Ангелина го направи целиот Проект горд со тоа што беше избрана за најдобар говорник на турнирот.