Monday, December 6, 2021

Дебатери дискутираа за моќта на гласот на граѓаните

Од 14 до 17 декември 2012 година се одржа национален дебатен турнир за почетници. Учествуваа 50 екипи од четиринаесет градови од Македонија, коишто дебатираа и отворено дискутираа на тема „Гласањето на сите избори во демократија дали треба да биде задолжително“.

Организиран од страна на Младинскиот образовен форум, партнер на организацијата на ПМИО, на тридневниот настан се претставија 103 дебатери, кои добија можност да ги изградат своите ставови врз основа на аргументи и факти, а не на претпоставки.

Целта беше да им се даде шанса на младите луѓе да развијат одредени гледишта коишто можат да му помогнат на општеството, односно младите, како критична маса, да станат релевантни актери во процесот на донесување одлуки.

Oсумнаесет претставници од дебатните клубови од четири училишта: „Арсени Јовков“ од Скопје, „Никола Карев“ од Струмица, „Никола Штејн“ од Тетово и „Таки Даскало“ од Битола, како дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, учествуваа на овој националeн турнир. Дебатирајќи во тимови имаа можност да се сретнат со своите колеги од другите градови и од различни етнички заедници.

Овој тип активности ги поддржува младите луѓе да развијат критичко размислување, иницира тимска работа и разбирање и создава можност младите да дознаат повеќе за општествено релевантни теми преку образованието, истражувањето и дискусијата.

Овој настан е поддржан од страна на УСАИД преку Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, Фондацијата отворено општество Македонија, Европската комисија, Меѓународната дебатна асоцијација (ИДЕА) и Универзитетот ФОН.

Активностите за подобрување на вештините на нашите млади ученици од дебатните клубови се очекува да продолжат и во 2013 год. во соработка со Младинскиот образовен форум.